Веќе на сите граѓани им е јасно дека договорот што Владата го потпиша со Република Грција е мртов и политички и правно. Судбината на договорот ја одредија граѓаните и ја потврдија неговата ништожност на референдум. Во една парламентарна демократија изразената волја на граѓаните на референдум треба да биде неприкосновена и нивниот суд (одлука) да биде последен, сè што би било вон овие стандарди и вредности би нè втурнало во тоталитарни води од страна на власта. Секој обид од страна на власта да се погази јасно изразената волја на граѓаните ќе ја втурне државата во длабока криза од која многу тешко ќе се извлече – пишува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во својата колумна објавена на Инфомакс.
Тој додава: Во таков случај веќе ќе говориме за тоталитаризам наспроти заложбите за демократија и европски вредности. Немајќи двотретинско мнозинство во парламентот, веќе некое време власта создава атмосфера дека на „свој“ начин ќе ги убеди пратениците од опозицијата да гласаат за уставни измени. Ова е дрска игра на нерви. Тоа е понижување на најодговорната позиција во една парламентарна демократија – пратеничката позиција која го претставува суверенитетот на државата. И покрај многубројните барања и апели од наша страна Владата да ја објави суштината на договорот, која се наоѓа во амандманите, тие сè уште не се познати за јавноста. Значи, во моментов имаме „убедување“ на пратеници на слепо. Прашањето е како Заев ги „убедува“ пратениците, без да им ги покаже амандманите за кои треба да гласаат?…
…Целата фарса наречена власт во Македонија дојде со приказната дека ќе гони криминал, дека ќе носи слобода и правдина и сето тоа ќе го стори со пенкало. Пенкалото го заменија со злоупотреба на полиција и судство, па сега новото „пенкало“ гони граѓани неистомисленици за пишан збор, спроведува политички прогон, „пенкалото“ на Заев се покажа како ефикасно и во цензурирањето. Слободата што требаше да ја донесат е, всушност, уривање на суверенитетот на граѓаните, а паролата „Нема правда, нема мир“ е заменета со паролата „За северна Македонија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст