Големата српска актерка Милена Дравиќ почина синоќа во Клиничко болничкиот центар на Бежаниска коса во 79 година од животот, дознава српски Блиц од Здружението на драмски актери на Србија.
Милена таму се наоѓала на лекување, последните денови и било лошо, лекарите се обиделе се, но и немало спас. Пред две години остана без сопругот Драган Николиќ и од тогаш се борела со болеста. Една е од најголемите актерки на овие простори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.