Нема притвор за тројца од осомничените во најновата истрага на СЈО со кодно име „Поштенска банка”. Судијата на претходна постапка, Седат Реџепаѓиќ, по рочиште од девет часа, одлучи да не им определи притвор на тројцата осомничени, пренесува Макфакс.
Наместо тоа, на Коле Смилевски судот му го одзеде пасошот, а за останатите двајца меѓу кои и ексградоначалникот на Кочани, беа изречени мерки да се јавуваат во судот. Специјалното јавно обвинителство најави жалба во врска со оваа судска одлука.
Истрагата „Поштенска банка” е финансиска истрага, во рамки на која, девет лица се осомничени за сторени кривични дела злоупотреба на службената положба и овластување, перење пари и други приноси од казниво дело од член 273 од КЗ.
Со истрагата се опфатени лицата Коле Смилевски, Томе Главчев, Ратко Димитровски, Викица Поповски, Георги Каратолис, Кирил Јаневски, Зоранчо Митровски, Ристо Милев и Златко Ѓорчев.
Од извршените кривични дела сторени во временскиот период од 2001 до 2010 година била прибавена имотна корист во износ од околу 5 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст