| четврток, 6 декември 2018 |

Барселона на зимо тргнува по двајца фудбалери на Ајакс

Барселона не е убедлива на почетокот на новата сезона во шпанската Ла Лига, па навивачите жестоко го критикуваат тренерот Ернесто Валверде поради слабите резултати. Каталонците очигледно не ги погодија летните трансфери, па поради тоа ќе мора да се засилуваат дополнително и во јануари, а на листата со желби се наоѓаат двајца талентирани играчи.

Барселона ги сака младите играчи на Акајс, Френки де Јонг и Матијас де Лит и за нив спремна е да плати 130 милиони евра.

Каталонски „Спорт“ пишува дека Барселона ги испратила своите скаути на натпреварот помеѓу Холандија и Германија, каде што вечерва ќе ги следат двајцата фудбалери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top