| четврток, 6 декември 2018 |

Александар Васовски: Сигурен сум дека постариот син ќе ме наследи

Тренерот на ФК Вардар, Александар Васовски годинава слави 10- годишнина од бракот. Неговата сопруга Мери, која по професија е адвокат ја запознал во Охрид пред повеќе од 13 години и веднаш штом ја здогледал знаел дека таа е жената на неговиот живот.

Во интервју за “Бекстејџ”, поранешниот репрезентативец призна дека не му било воопшто лесно да ја освои, а на почетокот нивната врска функционирала на далечина, со оглед на фактот што во тоа време играл надвор од нашата земја.

– Се запознавме сосема случајно во Охрид, нејзиниот роден град. Имавме припреми таму со репрезентацијата, мислам дека се спремавме за натпреварот против Андора. Веднаш и пријдов, и побарав број, разменивме контакти и почнавме да функционираме. После некое време и официјално ја почнавме врската. Не беше лесно, јас на едниот крај на светот, таа на другиот, но кога се сака, се се може. Ме освои со нејзината непосредност, харизма и убавина, вели Васовски.

Плод на нивната љубов се синовите Петар и Максим кои уште од сега покажуваат афинитети кон спортот, а постариот Петар веќе е дел од школата на “Вардар” каде тренира повеќе од три години.

– Максим ја сака топката, си играме заедно, подаваме, но уште е мал за да кажам дали е талентиран или не. Од друга страна, Петар веќе има 8 години, активно тренира, одличен е на терен и сигурен сум дека ќе ме наследи, додал тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top