| четврток, 6 декември 2018 |

Почина 24-годишна девојка во Битола, причините за смртта нејасни

Вчеравечер околу 21.30 часот во куќа на улица „Солунска“ во Битола, сопственост на Г.Б., починала неговата внука Љ.В.(24) од село Сладуево, демирхисарско.

Увид на местото извршила екипа од СВР Битола, а лекар констатирал смрт без видливи знаци на насилство.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било предадено на обдукција.

Фото: архива

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top