| четврток, 6 декември 2018 |

Еден загинат, а сопатничка се бори за живот по сообраќајката кај Млечен (фото)

Едно лице загина, а друго се бори за живот во тешката сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне околу 16 часот на булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје. Патничко возило „цитроен крузер“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од В.Ч. (61) од Скопје се судрило со моторцикл „дукати“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Г.Д.(32) од Тетово.

Во незгодата се тешки телесни повреди се здобиле возачот на мотоциклот и сопатникот Н.Д.(31) од Тетово. Со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им била укажана лекарска помош. Околу 17.30 Г.Д. им подлегнал на повредите, додека Н.Д. е задржана на лекување и се наоѓа во животна опасност.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Фото: МИА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top