Албанската база во Кучово, која одамна е „гробишта на авиони”, кои некогаш биле дел од воздухопловството, ќе стане нова воздухопловна база на НАТО.
Албанските мигови- претежно од кинеско и од руско производство, не летаат од 2005 година, додека албанскиот воздушен простор го надгледуваат Италија и Грција.
– Базата е прв потпис на НАТО на Западен Балкан, бидејќи Кучово ќе ја претвори во прва воздухопловна база на НАТО за овој регион, вели албанската министерка за одбрана, Олта Џака.
Според неа, за првата фаза од работата, НАТО ќе одвои 50 милиони евра, со цел да го претвори Кучово во база за опрема, логистика, обуки и вежби. Се вели дека Албанија заслужува трансформација на старата база, со цел да придонесе за одржување на стабилноста во регионот и мировните мисии на НАТО низ целиот свет.
-Регионот како целина влезе во неповратен процес на евроатланска интеграција, рече Џака.
Базата, во 50-тите години на минатиот век, била дизајнирана од советски инженери, кои поставиле динамит под пистата за да ја разнесат во случај таа да падне во непријателски раце.
– Базата на НАТО ќе ги зголеми одбранбените способности на земјата, додека странските инвеститори ќе имаат поголема доверба во Албанија. Ова ќе биде добро за зголемување на вработеноста во тоа подрачје, изјави командантот на воздухопловните сили Клемент Аликај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст