| четврток, 6 декември 2018 |

Советот за културна интеракција ќе ги зајакнува духовните и културните врски меѓу Бугарија и Македонија.

Совет за културна интеракција меѓу Бугарија и Македонија е формиран вечерва во Софија на Бугарско-македонска културна средба организирана од Бугарскиот културен клуб-Скопје и Фондацијата „Татковина“.

Како што соопшти Бугарско-македонскиот бизнис-клуб, на средбата е усвоена и Декларација за потребата од зајакнување на духовните и културните врски меѓу Бугарија и Македонија.

На состанокот учествувале истакнати личности од културата од двете држави, кои разговрале за културните врски и ги споделиле своите препораки и идеи за развој и зајакнување.

За време на средбата била отворена изложба на групата „PRINTNEST” – на творци од Софија и Охрид: Зоран Мише, Павел Целкоски, Васил Ангелов, Иван Матеев и Горан Тричкоски. Била претставена и книгата „Паника во музејот“ на писателот Иван Шопов од Скопје, како и зборник и две цедиња од „Бугарски народни песни од Македонија” собрани од Коста Црнушанов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top