Полицијата спроведе претреси во куќи, поврзани со пријави за корупција во здравството при набавување на опрема и материјал.
Под сомнение се десет физички лица две компании, чии деловни и приватни простории се на територијата на Љубљана, Марибор, Крањ, Ново Место и Цеље. За сега никој не е приведен.Со претресите се барале докази за сомневања за недозволено примање и давање поткуп во износ од над стотина илјади евра. Истрагата , според словенечките медиуми , е концентрирана на високите цени за набавка на стентови и друга опрема во кардиологијата.
Пријавата ја поднела истражната комисија на поранешниот состав на парламентот , според која над 70 проценти од стентовите и другата опрема се набавува само од една компанија.
Цените кои ги плаќаат словенските болници се повисоки од оние на клиниките низ Европа. Една од компаниите им давала подароци на докторите , и тоа преку фиктивни трошоци за патувања , авторски договори , донации и во готово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст