По низата проблеми во приватниот живот на пејачката Наташа Беквалац, нејзината најнова песна „Мала плава“ доживеа рекорден број на прегледи на Јутјуб, и тоа на некој начин и’ ја врати насмевката на лицето, која во април годинава и’ја избришаа тупаниците на нејзиниот сопруг Лука Лазукиќ кого го пријави во полиција заради семејно насилство и со кого се бори за старателство над нивната ќерка Катја.
Меѓутоа, и тоа кратко траеше, бидејќи Наташа поднесе уште една кривична пријава…
Според написите во српските медиуми, пејачката пред една година, по препорака на блиска личност, ангажирала жена што и’ го чистела станот по потреба, главно двапати неделно.
„Наташа веруваше дека жената, која е на возраст од 50 години, е чесна и лојална, но се воспостави дека цело време крадела пари од нејзиниот паричник и од станот. Неколку месеци по нејзиното ангажирање, Нташа почна да забележува дека и’ снемуваат пари од паричникот. Враќајќи го филмот во главата, почна да се сомнева на чистачката која повеќе пати ја покрала“, раскажува извор близок на полицијата.
Наташа ја повика чистачката да дојде да го исчисти нејзиниот стан во Нови Сад во кој живее со Катја и со Хана. Жената дојде, а Наташа по неколку часа забележа дека и’ нема 200 евра од паричникот. Имено, имала 900 евра, а кога подоцна проверила, во паричникот имало само 700 евра. Во тој момент ја повика полицијата и го пријави случајот.“
Кога пристигнала полицијата и ја сослушала жената, таа се расплакала и признала дека и’ ги украла парите на пејачката и дека ги скрила во фиоката во која стои есцајгот, од каде што планирала подоцна да ги земе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст