| четврток, 6 декември 2018 |

Се сруши трговски центар во Мексико, најмалку седум луѓе загинаа

Најмалку седум лица загинаа откако во мексиканскиот град Монтереј се сруши трговски центар кој беше во изградба, изјавија официјални лица.

Седум други лица се водат за исчезнати, додаваат властите.

Покрај тоа, 15 луѓе беа повредени ии пренесени во најблиската болница, изјави локалниот секретар Генаро Гарсија на конференција за медиумите, објави АП.

Се верува дека, како што посочи тој, сите жртви се градежни работници.

Градежните работи околу изградба на трикатниот трговски центар се одвивале без потребните дозволи за градба, наведоа мексиканските власти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top