| четврток, 6 декември 2018 |

Започна венчавката на внуката на кралицата Елизабета (Следете во живо)

Внуката на кралицата Елизабета Втора, поточно ќерката на принцот Ендру, војводата и војвотката од Јорка, Сара Фергусон, е деветта во редот за тронот, веднаш после својата најстара сестра, принцезата Беатрис.

Принцезата Евгенија од Јорка, денес ќе се венча за Џек Бруксбенк.

Очекува дека нејзината венчавка ќе биде подеднакво раскошна како таа на принцот Хари и војвотката Меган, а парот судбоносното „ДА“ ќе го каже во истата капела како нив.

Принцезата и поранешниот менаџер се запознале во ноќен клуб во Швајцарија, кога таа имала 20, а тој 24 години, а заедно се веќе седум години.

Џек ја запросил Јуџин во јануари оваа година, во Никарагва. За време на гостувањето во емисијата „The One Show“, на „BBC“, принцезата го опишала магичниот момент: „Стоевме покрај езерото и го гледавме заоѓањето на сонцето, кога ме праша дали сакам да се венчам со него. Бев пресреќна!“ Нејзиниот венчален прстен го краси редок розов сафир, со мали дијаманти.


Венчавката, како што веќе споменавме, ќе се одржи во капелата Св. Јурај, во склоп на дворецот Виндсор, каде што пред пола година се оженил и братот на принцезата, принцот Хари, а во истата капела се венчале и принцот Чарлс и Камила Паркер.

Кума на венчавката ќе ѝ биде нејзината сестра Беатрис, додека кум на Џек ќе му биде неговиот брат Томас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top