Скопското Обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Поради сомневање дека осомничениот ќе се даде во бегство, судија на претходна постапка од Кривичниот суд на предлог од јавен обвинител му одреди 30 дневен притвор.
– Лицето е осомничено дека од друго засега непознато лице, неовластено заради продажба набавило околу 1,8 килограми наркотична дрога марихуана. При претрес на неговиот дом на улица „Благоја Паровиќ” во Скопје, од страна на полициски службеници било утврдено дека дрогата неовластено ја држел кај себе заради продажба, спакувана во пластично буре на балконскиот простор, во кеси со различна нето маса, како и во јутена бела вреќа во подрумските простории. Дополнително, при претресот кај него била пронајдена и дигитална вага со остатоци од наркотична дрога – марихуана, соопшти Јавното обвинителство.
Надлежниот јавен обвинител, како што велат оттаму, оценил дека постојат околности кои го оправдуваат стравот од опасност од бегство на осомничениот – неговата возраст, видот, карактерот и тежината на кривичното дело за кое е осомничен, висината на запретената кривична санкција за ова дело, како и фактот што лицето досега е осудувано, поради што основано може да се очекува дека осомничениот ќе се крие, односно ќе се даде во бегство.
Со оглед на тоа, јавниот обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 поднесе предлог за определување мерка притвор, а судијата го прифати ваквиот предлог и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст