Македонската филхармонија вечер, под диригентство на Емил Табаков, ќе го одржи симфонискиот концерт „Хармонија мунди“. Солист е нашиот врвен контрабасист Ѓорѓи Цинциевски.
Концертот се најавува како атрактивен, уникатен видео-аудио перформанс поради делото „Планети“ од Густав Холст што ќе биде проследено со видео-анимација на Милчо Узунов од „3Д“ студио.
На Програмата најпрво се Концертот за контрабас и оркестар од Емил Табаков, како и неговото дело „Астрална музика“, по што следува изведбата на „Планети“.
– Грандиозното дело на англискиот композитор, ќе биде изведено на сцената на Македонската филхармонија по подолга пауза, а првпат доживува и видео придружба која ќе ги збогати сетилата. Во изведбата на „Планети“ ќе учествува и хорот „ПроАрс“ подготвен од диригентот Сашо Татарчевски, информира Филхармонијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст