Слаѓана Тасева, претседателка на Трнспаренси Интернешенел, најавувајќи ја денешната прес конференција за Фени, напиша:
Незаконитост, дрскост и арогантно однесување на вклучените во телата на стечајот, страв кај доверителите, злоупотреба на сиромаштијата на вработените…Ова е поголемо од Скопје 2014. Институциите се заробени, потребен е отпор. Силна јавна реакција. Гледам дека медиумите имаат реклами поради кои не се слободни, но утре ќе биде доцна -предупредува Тасева.
Тасева неодамна се пожали дека заради Фени добила директни закани од вицепремиерот Кочо Анѓушев.
Таа претходно објави дека мониторингот за стечајната постапка на Фени покажал бројни неправилности.
Истражувањето покажало дека непозната компанија добила тендер за обработка на никел, но не е познато кој го потпишал договорот во нивно име. Транспаренси ги обвинува стечајниот управник и стечајниот судија за корупција, поради што е покрената и тужба против нив, објави тогаш Тасева. Истрагата е покрената по претставка од фирмата “Cunico Resources” , кои тврдат дека Анѓушев вмешал прсти во нелегален бизнис на компанијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст