| четврток, 6 декември 2018 |

Апсење вчера на скопскиот аеродром: Депортиран од Швајцарија, завршил во затворот во Тетово

Вчера околу 13 часот на Граничен премин Аеродром Скопје, како депортирано лице од Швајцарија пристигнал В.Ш. (36) од с. Камењане, тетовско.

При пропроверка било констатирано дека лицето се наоѓа на листата со мерка “А” (апси) за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 став 1 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Во 16.50 часот лицето било предадено на полициски службеници од СВР Скопје за спроведување до Казнено-поправната установа – Затвор Тетово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top