| четврток, 6 декември 2018 |

Пријавен манијак во Скопје: Среде бел ден се обидел да нападне девојче во Центар

Вчера во Полициската станица Центар, 51-годишна жена од Скопје пријавила дека во вторникот околу 14 часот на улица „Борка Талевски“, општина Центар, непознато лице ја вознемирувало нејзината 12-годишна ќерка.

Според пријавеното, сторителот ја пресретнал и почнал непристојно да и зборува, по што се обидел физички да ја нападне, но девојчето избегало и не се пријавени повреди. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top