| четврток, 6 декември 2018 |

Хабиб се закани на УФЦ: Ако ги „шутнете“ моите браќа, ме губите и мене!

Хабиб Нурмагомедов испрати предупредување дo УФЦ и најави дека ќе се повлече доколку некои од неговите другари останат без договор поради инцидентите по крајот на борбата со Конор Мекгрегор.  Русинот и неговиот тим направија голем хаос по крајот на борбата со Конор Мекгрегор. Самиот Хабиб Нурмагомедов рипна од кафезот и започна тепачка со публиката, односно со еден борец од тимот на Ирецот.

Во исто време, двајца борци од неговиот тим влегоа во кафезот и го нападнаа Конор Мекгрегор. Спортската комисија од Невада го разгледува целиот инцидент и се очекуваат суспензии, а и УФЦ размислува да изрече казни.

Првиот човек на УФЦ, Дејна Вајт најави дека борците кои влегле во октагонот никогаш повеќе нема да се борат, па Хабиб Нурмагомедов сега испрати закана и најави дека тој ќе се повлече доколку некој од неговите браќа остане без договор.

„Сакам да се обратам до УФЦ. Зошто не избркавте некого кога нивниот тим го нападна автобусот и повреди неколку луѓе? Можеа да убијат некого, зошто никој ништо не кажа за тоа што ми ја навредуваа татковината, религијата, нацијата, семејството? Зошто мора да го казните мојот тим, кога се тепаа членови на двата тима? Ако кажете дека јас сум започнал, не се согласпувам со вас, јас само го завршив она што тој го почна. Во секој случај, ако казнувате некого, казнете ме мене. Зубарија Тухугов нема ништо со сето ова. Ако мислите дека ќе молчам, тогаш сте погрешиле. Ја откажавте борбата на Зубарија и сакате да го „шутнете“ поради тоа што го удри Конор. Но не заборавајте дека Конор беше тој кој ПРВ удри еден мој брат, погледнете го убаво видето. Доколку одлучите да му врачите отказ, треба да знаете дека ме губите и мене. Ние во Русија никогаш не се откажуваме од нашите брања, и јас ќе одам до самиот крај за мојот брат. Ако и по ова решите да му врачите отказ, немојте да заборавите да го испратите и мојот раскинат договор, во спротивно јас сам ќе го раскинам. И уште една работа, слободно можете да ги задржите парите кои ми ги „замрзнавтге“. Прилично сте зафатени со тоа, се надевам дека нема да ви застанат во грло. Ние ја браневме нашата чест и ова е најважно. Планираме да одиме до самиот крај“ – ласеше постот на Хабиб Нурмагомедов на социјалните мрежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top