| четврток, 6 декември 2018 |

11 најбизарни разводи: Не му се допаднал „Frozen“, имал преголем пенис

Секој развод е стресен и таа одлука сигурно не била донесена туку-така, но кога ќе ги прочитате овие бизарни причини, нема да ви се верува дека некои луѓе навистина се развеле поради нив!

Бил зборлив
Една жена побарала развод, бидејќи нејзиниот сопруг им кажувал премногу работи на другите луѓе, наместо да разговара со неа. Пријателите и семејството ги знаеле сите нивни проблеми.

Гласал за Доналд Трамп
Гали Мекорнич го оставила сопругот по 22 години брак, бидејќи дознала дека планира да гласа за Доналд Трамп. Таа вели дека се чувствувала изневерено.

Не одговарал на пораките
Една жена постојано му праќала пораки на сопругот, но тој не и’ одговарал. Дури и му пишала дека е во болница, но не добила одговор.

Била зависна од Снепчет
Зависноста отишла толку далеку, што дури и на нивната венчавка морала да објави фотографија иако претходно се договориле дека нема да користат социјални мрежи.

Работел за Доналд Трамп
Сопругата на поранешниот директор на комуникации во Белата куќа го оставила сопругот кога дознала дека ќе работи за Трамп.

Имал преголем пенис
Една жена од Нигерија го оставила сопругот затоа што имал преголем пенис. Немале секс пред бракот, а кога дошло до интимниот чин, таа го опишала тој момент како ноќна мора.

Не му се допаднал „Frozen“
Една 22-годишна жена побарала развод, затоа што нејзиниот сопруг и’ кажал дека не му е гајле за тој цртан филм.

Оставал садови во мијалникот
Секој пат кога неговата сопруга ќе најдела чаша покрај мијалникот, овој маж бил чекор поблиску до селидба, само што не бил свесен за тоа.

Немала водоотпорна шминка

Еден човек побарал развод откако неговата сопруга го покажала своето вистинско лице на плажа, односно се појавила без шминка.

Не сакал да го постави тоалетот
Еден маж ја терал сопругата да врши нужда надвор, бидејќи не сакал да направи тоалет во домот. Судот го прогласил тоа како еден вид малтретирање и и’ одобрил развод.

Не ја сфаќал сериозно нејзината кариера
Една судијка се развела од сопругот, бидејќи тој ја сметал нејзината кариера за хоби. Велел дека не разбира со што се занимава таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top