| четврток, 6 декември 2018 |

Дисингер го засилува Вардар

Германецот Кристијан Дисингер е нов член на македонскиот ракометен шампион Вардар. Дваесет и шест годишниот лев е веќе во Скопје каде треба да ги мине лекарските прегледи пред да и се приклучи на екипата, соопшти РК Вардар.

Тој ќе биде првиот германски репрезентативец што потпишува за „црвено-црните“.

Дисингер е седмото засилување на Вардар оваа сезонава.

Пред неколку денови тој го раскина договорот со бундеслигашот Кил каде настапуваше последните сезони. Со Кил го освои германскиот куп, а како дел од репрезентацијата на Германија во 2016 година стана европски сениорски првак. Со националниот тим го освои и бронзениот медал на летните олимписки игри во 2016 година.

Во својата кариера Дисингер има настапувано за екипите на ТСГ Фреиззенхајм (2008-2011), Кадетен (2011-2013), Нептуно (2013), Либек (2015-2015) и од 2015 година за Кил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top