Во петок (12 октомври), во општинската зграда во Прилеп ќе се одржи Инфо-сесија за „Програмата Креативна Европа на ЕУ ( Потпрограми Култура и МЕДИА)“, информираат од Министерството за култура.
Програмата започнува од 11 часот со презентација на самата програмата во категоријата „Проекти за соработка“, за што ќе говори м-р Билјана Прентоска, Канцеларија за Креативна Европа на ЕУ – Култура, Министерство за култура.
За пример на добра пракса за проектите: „Градина на Европа“ (Култура 2007-2013) и „Доживотно горење“ (Креативна Европа – Култура) ќе говори м-р Виолета Качакова, Центар за нови иницијативи во уметноста и културата – Локомотива, Скопје.
Програмата продолжува со прашања и одговори и со презентација на Програмата МЕДИА: „11 зошто, 11 затоа -МЕДИА и Македонија“, што ќе ја претстави Бистра Геогриева, МЕДИА ДЕСК Македонија, Агенција за филм на Р.М.
„Креативна Европа“ е рамковна програма на Европската Комисија наменета за поддршка на културниот, креативниот и аудиовизуелниот сектор. Програмата располага со буџет од 1.468 милијарди евра за период од 7 години 2014-2020 година. Составена е од две потпрогами – „Култура“ и МЕДИА и „Меѓусекторски дел“ преку кои се овозможува финансиска поддршка на европската транснационална соработка, јакнење на капацитетите на организациите од културните и креативнте сектори, мобилност на уметниците и професионалците од овие сектори, интернационализација на нивните кариери, дистрибуција и промоција на европскиот филм и аудиовизуелните индустрии и сл.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст