| четврток, 6 декември 2018 |

Шиповиќ во сведочење потврди дека и тој учествувал на насилни протести и не бил осуден

Одбраната на обвинетите за Општина центар во директното испрашување, го праша сведокот Мирослав Шиповиќ дали тој некогаш учествувал во демонстрации или протести. Тој рече не само што учествувал туку и ги организирал.

– Дали сте биле демонстант? – го праша адвокатот Димитар Дангов.

– Да, сум бил. И не само што сум бил, туку и сум ги организирал сите протести на СДСМ, одговори Шиповиќ.

Тој раскажа случка од протести во 2014 година пред и во Градското Собрание што ги организирал со членови на СДСМ. За тој настан, како што кажа, четворица од СДСМ меѓу кои бил и тој, биле осудени условно. Но, Шиповиќ, како што кажа во своето сведочење, подоцна поднел жалба и кривичната пријава му била повлечена.

За тоа што учествувал во насилни протести, Мирослав Шиповиќ не бил осуден, констатираше адвокатот Дангов и најави дека на следното рочиште, ако треба ќе достави до судот и видео снимка во која се гледа како Шиповиќ како учесник во демонстрации е насилен, а за тоа не е осуден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top