| четврток, 6 декември 2018 |

Полициска акција во Белгија: Уапсени судии, тренери и менаџери, вмешани најголемите фудбалски клубови

Белгиските медиуми денеска пренесуваат дека полицијата во оваа земја утрово привела неколку познати имиња во белгискиот фудбал кои се под соменвање за наместени натпревари и перење пари.

Помеѓу уапсените е и познатиот хрватски тренер Иван Леко, кој ја предводеше екипата на Клуб Бриж, а тука е уште српскиот менаџер, Дејан Велјковиќ, менаџерот со ирански корени Моги Бајат и судиите Себастијан Делфеирер и Барт Верентен.

Според првичните информации, главен организатор на мрежата бил Моги Бајат. Истражени биле нивните банкарски транскации и се сомнева дека преку него избегнале плаќање на данок.

Акцијата на полицијата е спроведена во сите поголеми клубови како Андерлехт, Клуб Бриж, Генк и Гент, како и во уште 10 останати.

Оваа афера сигурно ќе го потресе белгискиот фудбал кој веќе години наназад во експанзија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top