Погодувате, не се запали тоа “дрогата”. И не верував, вели Тони Михајловски за најавениот протест денеска пред Основното јавно обвинителство за поддршка на активистката Моника Ристеска.
Борјан Јовановски утре ќе пушти џоинт пред ОЈО во знак на протест
- Јас пред ОЈО, службено, кога таму протести. Наводно ќе палеле џоинт во знак на протест. Погодувате, не се запали тоа “дрогата”. И не верував. Кај нас сепак тоа е забрането. Противзаконско.
Никој не носеше ни маичка со симбол на марихуана. Ова е време на оксиморони. Храбри кукавици, милостиви џелати, предавнички патриоти и стрејт хомосексуалци – пишува Михајловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.