Фудбалерот на унгарски Мол Види, Бобан Николов смета дека македонската репрезентација има повеќе од историска шанса за пласман на своето прво Европско првенство.
– Лигата на нациите е навистина одлична шанса која не смееме да ја пропуштиме. Имаме навистина квалитетна репрезентација која е зрела за пласман на Европско првенство, истакнал Николов по денешниот утрински тренинг на националниот тим, нагласувајќи дека триумф против Лихтенштајн не се доведува во прашање…
– Апсолутно не треба да стане збор дали ќе победиме против Лихтенштајн во сабота. Јасно е дека мора да го добиеме тој дуел, а потоа со позитивен резултат и против Ерменија во Ереван да го заокружиме патот до првото место во групата. Подготвени сме, сите репрезентативци играат навистина во добра форма во своите клубови и сето тоа треба да не однесе до нови победи во Лигата на нациите, вели Николов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст