| четврток, 6 декември 2018 |

Ким Џонг-ун има нова лимузина вредна 1,7 милион долари (Видео)

Ким Џонг-ун и американскиот државен секретар, Мајк Помпео, се согласија пред два дена да организираат што е можно побргу втор самит со американскиот претседател Доналд Трамп и освен разговорите на двајцата официјални претставници, големо внимание привлече автомобилот на претседателот на Северна Кореја.

Острото око на критичарите не го пропушти знакот „ролс ројс“ на лимузината со која Ким дојде на состанокот со американскиот државен секретар.

Лидерот на Северна Кореја досега можеше да се види во блиндиран и специјално изработен „мерцедес“, чија цена, имајќи ја предвид опремата за безбедност, се проценува на 1,7 милион долари.

Иако забраната на Обединетите нации јасно наведува дека Северна Кореја не смее да увезува луксузни стоки, диктаторската влада сè уште успева да го снабди својот водач со сè што ќе посака.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top