Портпаролот на Владата Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција поврзана со одлуките од синоќешната 93. владина седница ги повтори очекувањата на Владата за постигнување двотретинско мнозинство за уставните измени за што денеска собраниската Комисија за уставни прашања треба да ја отпочне расправата по предлогот за потребата од уставни измени поднесен од Владата. Тој најави дека воведно обраќање на Комисијата ќе има премиерот Зоран Заев.
– Сметаме дека оваа историска одлука пред која се наоѓаат пратениците во македонскиот Парламент е од суштинско значење за остварување на стратешките цели на Република Македонија за членство во НАТО и ЕУ. Сметаме и очекуваме дека мнозинството пратеници во Парламентот ќе ја почитуваат волјата на мнозинството граѓани кои на 30 септември гласаа „за“ овие заложби, рече Бошњаковски, повторувајќи ги заложбите на Владата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст