Џанпјеро Вентура од денеска и официјално е нов тренер на екипата на Киево. Поранешниот италијански селектор, кој не успеа да ги однесе „аѕурите“ на Светското првенство во Русија по елиминацијата од Шведска во баражот, му се враќа на фудбалот по кратка пауза.
Вентра претходно со успех го водеше Торино, а со тимот од Верона потпиша двегодишен договор. Лоренцо Дана последен седеше на клупата на Киево во неделата на гостувањето кај Милан, каде „летечките магариња“ загубија со 3-1.
Киево е последен на табелата со -1 бод. Досега во сезоната има само две ремија од осум натпревари, но поради казната од три бода поради финансиски малверзации, тимот моментално има негативно бодовно салдо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст