На локалитетот Камени Кукли во Кратово вечер ќе биде одржан настанот „Вечерен танц со куклите“ во организација на Здружението за уметност, култура и заштита на културното наследство „Етно ризница“ , Куманово.
Настанот е поддржан до Министерство за кулутра на Република Македонија, во рамки на програмата „Нов културен бран 2018“.
– Со години работиме на тема зачувување на културно-историското наследство на североисточниот регион, зачувувајќи ги и промовирајќи ги сите стари обичаи и адети и останати културни добра, доближувајќи ги до помладите генерациии, зачувувајќи ги од заборав. Со оглед на тоа што наши познати млади музичари се повеќе ги преработуваат во поп, џез и други стилови песните кои ние ги издадовме од овој крај на носач на звук, решивме да организираме настан на кој ќе се пее, музицира и ужива под ѕвездите на овој локалитет во вечерен амбиент, со цел и да го промовираме како дестинација, неодминлива за посетители, но и амбиент за одржување вечерни перформанси – изјави Драган Jакимовски, претседател на „Етно ризница“.
Рече дека камените кукли изгледаат импресивно на вечерна светлина и повика што поголем број гости да с епридружат на манифестацијата.
– Ние покрај со Министерството за култура настаните ги организираме и во координација со Музеј на град Кратово, локалните самоуправи и советите на општините Кратово, Куманово. Потпишавме меморандум за соработка со Крива Паланка, во Старо нагоричане организиравме еден настан-промоција на песните, така што соработката со сите општини од Североисточниот регион е на одлично ниво – додаде Јакимовски.
„Етно ризница“ во соработка со Музеј на град Куманово веќе има снимено документарен етно-филм „Камените кукли раскажуваат“ кој се прикажа на неодамнешниот фестивал за документарни филмови во Кратово, а веќе е во официјална конкуренција на „Златна камера 300“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст