| четврток, 6 декември 2018 |

Обезбедено ново засилување: Лукас Пакета во јануари пристигнува во Милан

Еден од најголемите бразилски таленти во моментов, Лукас Пакета од јануари ќе го облече дресот на италијански Милан. Бразилецот на ,,Сан Сиро” ќе пристигне за сума од 35 милиони евра.

Според италијанските медиуми, оваа недела Пакета треба да ги помине медицинските прегледи кај „росонерите“ по што официјално ќе биде преставен на прес-конференција во клубот.

Интересно во целата ситуација што Милан успеа да го победи ПСЖ во трката за овој надежен фудбалер, кој настапува во Фламенго и кој одигра два натпревари во дресот на Бразилската репрезентација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top