Скопското јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против Моника Ристеска за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, соопшти Обвинителството.
– Лицето е осомничено дека во текот на 2017 и 2018 година, во повеќе наврати, искористувајќи исти прилики и ист траен однос, неовластено набавила наркотична дрога марихуана, од која што со понатамошна преработка добивала наркотична дрога хашиш и други опојни средства, кои потоа ги продавала на уживатели на територијата на Град Скопје, стои во соопштението.
Според Обвинителството на 29 септември лани во село Ракотинци, Скопје, при извршен претрес од страна на овластени службени лица на СВР Скопје, кај осомничената се пронајдени и одземени една полиетиленска кесичка со нето 27.46 грама, два шприца со вкупен волумен од 9мм и остатоци од шприцевите со наркотична дрога хашиш смола, една дигитална вага со остатоци од марихуана, две шишиња со вкупен волумен од 2060 мл. етил алкохол органски растворувач.
На 5 јули годинава, во близина на грчка Амбасада полицајци ја легитимирале осомничената и кај неа биле пронајдени два шприца со остатоци од наркотична дрога хашиш смола, а еден шприц со волумен од 2мл со наркотична дрога хашиш смола е пронајден кај сведок на кого што обвинетата му го продала за 3.000 денари.
На 8 октомври на ул. „Мите Богоевски“ во Скопје кај осомничената биле пронајдени четири шприца со вкупен волумен од 39.7 мл наркотична дрога хашиш смола, темно кафеава масловидна материја со волумен од 12 мл наркотична дрога хашиш масло, семки во стаклен сад со нето маса од 0.42гр кои потекнуваат од растение кое припаѓа на растителниот род Cannabis – марихуана, растителен материјал во полиетиленски кесички со нето маса од 7.62 грама, полиетиленско пакување с остатоци од растителен материјал марихуана , пакувања со нето маса од 30.15 грама марихуана помешана со тутун, две дигитални ваги со остатоци од наркотична дрога, еден мал вентилатор, два електрични блендери со остатоци од наркотична дрога , едно грејно тело марка „ИЦМ“, еден топломер со остатоци од наркотична дрога, една тегла семки, 19 празни шприцови, две пластични чаши со црвено капаче во кои има кефава маст, две пластични проѕирни црева и една празна полиетиленска кеса со остатоци од НН материја, три стаклени епрувети со држачи и една пластична туба со налепница „Етанол“ кои сите биле наменети за производство, а потоа и за продажба на наркотична дрога.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст