| четврток, 6 декември 2018 |

„Ќе ти најдам дечко“: Манијак заведувал девојче кај „Песталоци“

Постар човек се обидел да намами девојче во хотел во близина на ОУ „Јохан Хајнрих-Песталоци“. Ова предупредување на социјалните мрежи го споделија жителите на Центар на социјалните мрежи.

Според пишувањата, иако настанот бил пријавен во полиција, оттаму изјавиле дека нема основ за тужба.

Сепак, МВР денеска информира дека инцидентот вчера бил пријавен во Полициската станица Центар, и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Настанот во полиција го пријавила 51-годишна скопјанка, која кажала дека во вторникот околу 14 часот на улица „Борка Талевски“ непознато лице ја вознемирувало нејзината 12-годишна ќерка. Според пријавеното, сторителот ја пресретнал и почнал непристојно да и зборува, по што се обидел физички да ја нападне, но девојчето избегало и не се пријавени повреди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top