Нов апарат за компјутеризирана томографија денеска е инсталиран и пуштен во употреба на радиолошкиот оддел на хируршки клиники, при јавната здравствена установа Институт за радиологија, на кампусот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Од МЗ очекуваат со новиот апарат за компјутеризирана томографија (КТ) да се скрати времетраењето на прегледот, со подобра резолуција на добиените резултати и детекција на најситните промени.
„- Овој 32 слајсен компјутерски томограф од новата генерација КТ скенери, треба да овозможи значителен напредок во дијагностиката на КТ одделот при хируршките клиники и ургентниот центар. Апаратот ќе ги опслужува и потребите на останатите клиники од кампусот „Мајка Тереза“, имајќи предвид дека е единствен КТ апарат за време на ноќните дежурства, викендите и државните празници“, информираат од Министерството за здравство.
Се овозможуваат поголем број дијагностички процедури за сите органи и системи, како и брзо достапни КТ ангиографски иследувања, кои се од особено значење за политрауматизираните пациенти, како и акутните васкуларни настани, додека брзата и детална КТ слика дава можност за итен и соодветен натамошен третман на пациентите, се наведува во соопштението од МЗ.
Покрај ургентната патологија, овој апарат овозможува и пософистицирани прегледи, кои се потребни за лежечките клинички пациенти како виртуелна ендоскопија, ангиографско снимање на крвните садови со можност за дигитална суптракција и планирање васкуларни интервентни процедури и изведување пункции, биопсии, дренажи водени со КТ итн.
„Со инсталирање на оваа опрема се овозможува автоматско менаџирање на дозата на зрачење, во зависност од големината на пациентот и анатомијата, со што се намалува дозата на зрачење и до 40 отсто. Софтверските можности на апаратот овозможуваат обработка на добиените податоци со реконструкција и 3Д приказ за сите прегледи со значително скратување на времето на процесирање на истите“, информираат од Министерството за здравство.
Апаратот за компјутеризирана томографија, информираат од МЗ, е набавен со сопствени сретства на ЈЗУ Институт за радиологија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст