Владата ја потврди информацијата на „Економски Лидер“ дека со државни пари невладината организација ЕГАЛ ќе набавува лубриканти за хомосексуалната популација, објави порталот.
На денешната прес конференција на директорката на клиниката за инфективни болести која во исто време е претседател на националната комисија за ХИВ , Д-р Милена Стефановиќ, таа истакна дека невладината морала да набави пакувања со лубрикант затоа што тие се делеле заедно со кондомите.
– Едукацијата во превенцијата од ХИВ и користењето на кондом и лубрикант се многу важни за да се спречи ширењето на оваа болест. Постојат кондоми за одредени сексуални групи кои е неопходно да се користат заедно со лубрикант. Веројатно во организацијата им се истрошиле лубрикантите кои ги делат заедно со кондомите и морале да набават нови – изјави д-р Стефановиќ на прес конференцијата.
Таа додаде дека е горда што државата ги финансира овие проекти со кои граѓаните се штитат од ХИВ вирусот.
Претходно, поратлот „Лидер“ објави дека на страницата на Бирото за јавни набавки, со државни пари ќе се набавуваат 20.000 шишиња со лубрикант за „Здружението на граѓани Еднаквост за геј и лезбејки-ЕГАЛ Скопје.“
Набавувач е ова здружение кое е непознато на пошироката јавност.
Тендерската документација за набавката која ја објавува порталот „Економски Лидер“ е голема, а во неа стои дека оваа невладина организација во склоп на „Програма за заштита на население од ХИВ во Република Македонија 2018“ со државни пари ќе набавува 20.000 шишиња лубриканти. Понудите за набавка на лубрикантите, заинтересираните компании може да ги достават најдоцна до 15-ти месецов.
Во техничката спецификација е наведено дека лубрикантите треба да бидат без вкус, без мирис и без боја.
Како штитат лубрикантите од ХИВ?!
„Економски Лидер“ се обидел да стапи во контакт со здружението „ЕГАЛ“ за да го добие одгоорот на прашањето: Каква врска имаат лубрикантите со заштитата од ХИВ? И зошто парите на даночните обврзници се трошат за оваа намена, ако се има предвид дека лубрикантите немаат никаква врска со заштита од ХИВ вирусот?
Но, како што пишува порталот, одговор не добиле, нашите бидејќи никој од здружението не одговорил на повиците на официјалниот телефон 02 3220 851 кој е оставен на нивната официјална веб страница (egal.org.mk)
Инаку, како што пишува порталот „Економски лидер“ програмата за заштита на населението од ХИВ вирусот за 2018, од која здружението за заштита има добиено средства за јавната набавка на овие лубриканти, е финансирана од Владата и потпишана од премиерот Зоран Заев. Во неа годинава се издвоени над 95 милиони денари (или 1,5 милиони евра) државни пари, кои ќе се потрошат за оваа намена. Годинава е евидентирано енормно зголемување на трошењето за оваа програма, која лани се финансирала со 11 милиони денари. Целата програма можете да ја погледнете во документот на следниот линк (клик).
Невладината „Здружение на граѓани Еднаквост за геј и лезбејки-ЕГАЛ Скопје“, постои во 2004 година. Проверката во централниот регистар покажува дека единствено поврзано лице со неа е извесен Зоран Јорданов, кој е претседател и законски претставник на здружението.
Кратката проверка по интернет, покажува дека оваа невладина организација има свои СОС линии за хомосексуалци и лезбејки, но и помош за оние ЛГБТ лица кои имаат сида.
Во 2014, оваа невладина организирала фестивал на ЛГБТ лицата наречен „Ѕуница“. На постерот за овој фестивал, заштитно лице бил сегашниот пратеник а тогашен нивни активист, Павле Богоевски.
Постер на невладината ЕГАЛ, заштитно лице пратеникот Павле Богоевски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст