| четврток, 6 декември 2018 |

Протест против градоначалникот кој само ветуваше, а ништо не промени

За денеска во 17 часот е закажан протестот кои го организираат твитерџиите, а е наменет за стопирање на изградбата на новата зграда која треба да биде изградена во близина на Мајчин Дом во Аеродром.

Револтот на граѓаните е голем и насочен кон градоначалникот Златко Марин кој во текот на кампањата за локалните избори бараше од неговиот претходник да го повлече планот за изградба на овој бетонски џин на зелената површина во овој дел од населбата.

Жителите на скопската општина Аеродром од полноќ на социјалните мрежи постираат фотографии и видеа од багери кои ноќеска започнале со копање на парцелата кај Мајчин дом, каде според планот ќе се гради голем станбено деловен објект.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top