| четврток, 6 декември 2018 |

ТВ Алфа: Ситење и омраза по пресудата за Јанкуловска – национална забава или дијагноза? (видео)

– Синчето ќе и биде во прво одделение кога ќе излезе од затвор. Родила бебе за да се спаси од затвор. Ајде народе нека е со среќа, доби шест години затвор! Страшниот говор на омраза и ситењето со туѓата несреќа кои ги преплавија социјалните мрежи во последниве години, сега по последните затворски пресуди за поранешни високи функционери доживуваат кулминација, при што во јавното „хејтање“ без пардон неретко учествуваат и јавни личности, познати новинари, членови на Шарената револуција и гласноговорници на различни политички опции, јавува ТВ Алфа.

Особено се истакнуваат неколку новинарски имиња поддржувачи на власта на СДСМ, кои подолго време воопшто не се воздржуваат да сеат омраза не само на социјалните мрежи туку и во текстовите кои ги објавуваат во своите гласила.

„Ха, шест години, кога ќе излезе, синчето и ќе ја учи првата лекција: Мама шие на машина во Идришово!“
„Ајде честито народе, Гордана Јанкуловска осудена на шест години затвор!“ „Си знаеше она од порано дека сите во затвор ќе завршат. Аирлија 6-ка со кромид Гоца.“

Експертите се согласуваат дека говорот на омраза на социјалните мрежи е главно резултат на комплекси, лечење на лични фрустрации, но и обид за манипулација со одредена често политичка цел.

Дел од оние што се насладуваат со туѓата мака калкулираат со различни спинови, полувистини или чести измислици на политичките кујни, за да го оправдаат она што го пишуваат. Во последниот случај со Гордана Јанкуловска се оди дотаму што се обвинува дека намерно родила дете за да не оди во затвор и од тоа се извлекува заклучок дека самата е монструм.  Или се преповторува како поранешната министерка правела зло во минатото и затоа сега е ред да страда и самата.

Експертите предупредуваат дека Македонија станува воајерско општество кое живее за да фаќа сеир или да се радува кога некому му се случува нешто лошо, а притоа одобрувањето од јавните фигури кои не само што не се борат против ова зло туку и го поттикнуваат, предизвикува вистинско цунами од нетрпеливост во кое буквално секој поединец може да биде следната жртва.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top