| четврток, 6 декември 2018 |

Џорџ Буш ја испрати ќерка си до олтар (Фото/Видео)

Поранешниот американски претседател Џорџ Буш ја омажи ќерка си , 36 годишната Барбара Буш за 37 годишниот сценарист Крег Којни.

Џорџ В. Буш ја отпрати својата ќерка до олтарот , додека неговиот татко , исот поранешен претседател на САД , Џорџ Буш ја следеше семејната церемонија. Венчавката се одржа на имотот на Буш во Кенебанкпорт , во Мејн. Сестрата на невестата , близначката Џена Буш Хегер денеска изјави дека Барбара на венчавката носела нешто позајмено – брезлетна која нејзиниот дедо и ја подарил на својата сопруга за 70 годишнината од бракот.


Бабата на невестата , по која го носи и името , Барбара Буш почина во април во 92 година. Младенците ќе живеат во Њујорк , јавуваат американските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top