Денеска е Св. апостол и евангелист Јован Богослов. Еве еден цврст столб на Црквата Христова. Духовен орел што ги достига најголемите височини на богопознанието. Евангелист што ги достига најголемите длабочини на човечката природа. Прв меѓу богословите. Прв меѓу проповедниците на љубовта. Тој е оној кого Христос го нарече син на громот, и тоа не заради неговата телесна жестокост, туку заради огнот на божествената љубов што непрестано пламти во него. Откако беше повикан, овој просто се залепи за својот Спасител и присуствуваше на најважните настани од Христовиот живот. Остана заедно со Богородица под Христовиот крст и кога сите други апостоли се разбегаа.
По Христовото воскресение ја чуваше Богородица се до нејзиното успение. Потоа се настани и Го проповедаше распнатиот и воскреснатиот Христос во Ефес, на егејскиот брег на Мала Азија. Единствен од апостолите умре со природна смрт, кога имаше повеќе од 100 години, во Ефес. Го напиша четвртото Евангелие, три апостолски посланија и Откровението. Сите тие книги се дел од канонот на Новиот завет.
Се верува дека на денешен ден луѓето во село треба да ја одмараат стоката, жените да не фаќаат плетиво, ножици, ниту игли. Во некои краеви во овие денови почнуваат свадби кои траат по три дена!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст