| четврток, 6 декември 2018 |

Притисок од раководството: Обиена бравата на просторијата на независниот синдикат на возачи на ЈСП

Генералниот директор и раководството на Јавното Сообраќајно Претпријатие „Скопје“ без никаква причина за иселување и без консултација, насилно ја обиле бравата на синдикалната просторија каде бил сместен независниот синдикат на возачи на ЈСП повеќе од 8 години, обвини претседателот на независниот синдикат на возачи Африм Муча.

– Поради работата на синдикатот овој период, јас како претседател се соочив со прераспределба на пониско работно место, а секретарот на синдикатот пред извесно време доби неоснован отказ од работа. Очигледно е дека им пречиме зашто кренавме глас против ограничувањето на правото за регрес за годишен одмор и многу други права кои му следуваат на секој работник, изјавил Муча кој додал дека со оваа постапка е прекршен Законот за работни односи, членовите 184 и 186 и Уставот.

Тој дополнил дека намерно им се забранува целосен пристап до просторијата и документацијата за да ги попречат да комуницираат со членството. Тоа, според него, е класичен притисок во работата на синдикатот.

Оттаму велат дека поради тоа што се трудат да ги бранат интересите на вработените во ЈСП „Скопје“ долго време се соочуваат со притисоци. Тој побара сите инволвирани да сносат одговорност и да се изврши ревизија на нивното работење поради, како што рече, грубото и незаконско однесување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top