| четврток, 6 декември 2018 |

На истата улица во Гази Баба: Двајца скопјани нападнати вчера од кучe скитник

Во текот на вчерашниот ден во полиција биле пројавени два случаи на напади од кучиња скитници на истата улица во општина Гази Баба.

Околу 12 часот, вчера во Полициската станица Гази Баба, Б.М. (64) од Скопје пријавил дека на улицата „Никола Киров-Мајски“ бил нападнат и каснат од куче-скитник во пределот на левата надколеница.

Во истата полициската станица, исто така вчера, С.Ј. (61) од Скопје пријавил дека на улицата „Никола Киров Мајски“ бил каснат од куче-скитник во пределот на десната нога.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top