Руските фудбалски репрезентативци, Павел Мамаев и Александар Кокорин во едно кафуле во Москва физички се пресметале со рускиот политичар Денис Пак и неговиот колега Сергеј Гаисин.
Претепаниот Денис Пак е висок службеник во руското министерство за индустрија и трговија и е еден од највлијателните луѓе во Москва. Се верува дека тој и неговиот пријател постојано им дофрлувале нешто на фудбалерите Кокорин и Мамаев барајќи од нив да бидат потивки.
Поради тоа Кокорин и Мамаев станале од своите места и одлучиле физички да се пресметаат со рускиот политичар. Кокорин дури и со стол го удрил Пак.
Ден по инцидентот, сопругата на Кокорин се извинила во име на нејзиниот сопруг и рекла дека двајцата фудбалери биле во алкохолизирана состојба и не биле свесни што прават.
По овој инцидент кој бил евидентиран и од безбедносните камери во објектот, скоро сигурно е дека фудбалерите ќе собијат суспензии од руската фудбалска федерација за нивното однесување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст