| четврток, 6 декември 2018 |

Се уште нема осомничени за убиството на бугарската новинарка

Се уште нема приведени во случајот со убиството на бугарската новинарка Викторија Маринова. Еден од водечките бугарски криминолози, Бото Ботев, смета дека убиецот не е од опкружувањето на новинарката, туку психопат, а злосторството веројатно е непланирано и инцидентно.

Телото на Маринова, која била силувана пред да биде убиена, беше пронајдено в саботата во парк во Русе, во близина на реката Дунав.

Дел од јавноста смета дека убиството на Маринова е поврзано со нејзината работа во новинарството, каде ги истажуваше случаите на корупција поврзани со ЕУ-фондовите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top