Референдумот од 30 септември е топ тема во светските и балканските медиуми поврзан со договорот од Преспа кој е услов за членство на Македонија во НАТО.
Иако пред референдумот Македонија ја посетија најмоќните светски дипломати како на пример германската анцеларка, Ангела Меркел, австрискиот Канцелар, Себастијан Курц, високата преставничка на ЕУ, Фредерика Могерини и многу други за да му дадат поддршка на премиерот Зоран Заев во врска со референдумот, истиот сепак не успеа да го постигне потребниот цензус и од правен аспект пропадна.
Новинската агенција на албански јазик „Журнал“ дознава дека меѓународниот фактор е многу незадоволен од премиерот Заев бидејќи тој не успеа да ги убеди граѓаните да излезат и да се изјаснат на реферндумот.
Иако Заев имаше огромна поддршка од високи светски дипломати, тој сепак не успеа во овој аспект и поради тоа меѓународниот фактор е незадоволен од епилогот на референдумот, особено од неизлезеноста на граѓаните да го го дадат својот глас.
Како што пишува “Журнал“, според нивни информации, меѓународниот фактор на Заев му дал забалешки и во борбата со корупција и спроведувањето на реформите, особено што треба да отстрани неколку лица од неговиот кабинет за кои има сомневања дека се вклучени во противзаконски дејствија.
Исто така “Журнал“ пишува дека има големо незадоволство во најголемата партија на власт СДСМ, најмногу кон премиерот Заев бидејќи истиот донесува одлуки “по своја глава“ без да праша и без да ги земе во предвид мислења на членовите на централниот одбор на партијана.
Во јавноста се зборува дека и Албанците кои го гласаа Заев се неадоволни со неговите политики, а ова се докажа и на рреферендумот со нивната слаба излезеност на 30 септември.
Журнал исто така дознава дека незадоволство има и во владината коалиција, каде што помалите партии (Беса и ДПА) му жабележуваат на премиерот сметајќи го него за некоректен и непринципиелен во договорите меѓу нив, каде што за конкретен пример го имавме и излегувањето од Влада на Алијанса за Албанците поради гореспоменатите причини
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст