| четврток, 6 декември 2018 |

Куманово: Со „Голф“ удрил во бетонски столб, се забил во паркирано возило, па повредил и пешак

 

Вчераутро било пријавено дека во Куманово на улицата „Тоде Думба“ патничко моторно возило „Фолксваген голф“ со кумановски регистерски таблици, управувано од Н.Ѓ. (74) од Куманово, удрило во бетонски столб и метална ограда, потоа во паркирано патничко моторно возило „Сеат толедо“ со кумановски регистерски таблици, сопственост на Б.К. (37) и во пешак Т.А. (71) од Куманово.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Т.А. и Б.К., кои по укажаната лекарска помош во Општата болница во Куманово биле препратени во комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје.

Н.Ѓ. се здобил со телесни повреди и укажана му била лекарска помош во Општата болница во Куманово. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово и се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top