| четврток, 6 декември 2018 |

Фатална несреќа во Куманово: Со камион прегазил работник кој местел бекатон плочки, починал на лице место

Вчера околу 14 часот било пријавено дека во Куманово на улицата „Бајрам Шабани“, каде се изведувале градежни работи за поставување на бекатон плочки, Џ.Ј. (46) од с. Липково-кумановско, движејќи се наназад со товарно моторно возило „Мерцедес“ со кумановски регистерски таблици го прегазил Ќ.А. (43) од с. Отља, кој од здобиените повреди починал на местото на настанот.

Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Куманово. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top