| четврток, 6 декември 2018 |

Ужасниот старт си го направи своето: Баерн веќе бара замена за Ковач

Челниците на германскиот гигант, Баерн М. иако изјавија дека имаат апсолутна доверба во Нико Ковач, весникот „Билд“ тврди дека позицијата на тренерот на Баерн е максимално разнишана по очајниот старт на сезоната. Според медиумот, раководството на клубот веќе почнало да ги разгледува опциите за негов наследник.

Според „Билд“, Ковач ќе добие уште една последна шанса на гостувањето против Волфсбург, а доколку Баерн не стигне до три бода на овој меч, ќе следи отказ и експресно именување на нов стратег.

Во игра за негов наследник се тројца врвни стручњаци, и тоа тројцата Французи, Зинедин Зидан, Арсен Венгер и Лоран Блан. По заминувањето од Реал, Зидан се поврзува со секој европски гигант што слабо ја почна сезоната, па исклучок не е ниту Баерн. Венгер по заминувањето од Арсенал е без ангажман, а последен клуб кој Блан го водеше беше ПСЖ од каде замина пред две години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top