| четврток, 6 декември 2018 |

„Устав на Република Хрватска“ и Мастер клас на Зеки Демиркубуз денеска на Киненова

ЕДУКАТИВЕН СЕГМЕНТ НА КИНЕНОВА РАБОТИЛНИЦИ „Песочна анимација“ за децата со посебни потреби како партнерски проект на Киненова и Општина Центар 09 и 10 октомври, 2018, 10:00 – 15:00ч, Кино Култура “Работилница како придонес кон унапредување на свесноста за штетните поледици од насилно однесување врз децата“, партнерски проект на Киненова и УНИЦЕФ

Филмот „Уставот на Република Хрватска“ на Рајко Грлиќ е дел од програмата Балканска филмска уметност како дел од европското културно наследство, која се прикажува во рамките на „Киненова“. Тој ќе биде прикажан денеска во киното „Фросина“ со почеток во 20 часот.

Станува збор за хрватска комична-драма, филм од 2016 година, во режија на Рајко Грлиќ кој е автор и на сценариото заедно со Анте Томиќ. Улогите ги толкуваат: небојша Глоговац, Дејан Аќимовиќ, Ксенија Маринковиќ.

Приказната следи четири ликови кои живеат во иста зграда, но се избегнуваат меѓу себе поради разликите во нивната имотна состојба, сексуални навики, националноста, религијата…Главниот лик Вјекослав Краљ е професор во средно училиште, хомосексуалец и травестит…Тој целиот живот го посветил на хрватската историја и јазик. Но, животот ќе направи Вјекослав и неговиот татко Хрвоје, кој во Втората светска војна бил усташ, да се  зближат со Маја, медицинска сестра која живее во подрумот од нивната зграда и нејзиниот сопруг, полицаецот Анте, кој има страв дека ќе падне на испитот за Хрватскиот устав бидејќи е Србин…

По проекцијата на филмот следува панел дискусија на тема: Прифаќање или не на различностите како една од основните европски вредности кои се подлога на филмот „Устав на Република Хрватска“.

Поради технички проблеми настанати во кино Милениум за кои не извести раководството на Младински Културен Центар, проекциите од Официјалната Програма во истото кино се откажуваат и се префрлаат во кино Фросина, МКЦ, во истиот термин.

Од 15 часот во Кинотека на Македонија ќе се прикажат куси филмови во меѓународна конкуренција, во 18 часот во киното „Фросина“ е реприза на филмот „Цветна долина“ на Ласло Чуја, а во рамките на програмата за одбележување на 100 години од раѓањето на Бергман, во 18 часот во Кинотека на Македонија се прикажува неговиот филм „Насмевки од една летна ноќ“.

Од главната конкуренција денеска во 22 часот во кино „Фросина“ е „Ретабло“ на Алваро Делгадо Апаричио, а во Кинотека на Македонија во 20 часот е проекцијата на филмот „Без датум и потпис“ на Вахид Џалилванд, додека во „Фросина“ во 20 часот е „Граница“ на Али Абаси.

Од Зеки Демиркубуз, денеска ќе го видиме „Невиност“ во 18 часот во кино „Фросина“, по што ќе следува разговор со режисерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top