| четврток, 6 декември 2018 |

Храбрата жена која без рака и нога го освои Килимаџаро (Видео/Фото)

Британката по операцијата во која останала без дланки и нозе не сакала никој да ја смета за инвалид, а со својот подвиг тоа и го посигнала.

За Британката Корин Хатон се верува дека неодамна станала прва жена без дланки и нозе, која дошла до врвовите на Килиманџаро.

Корин во 2013. година заболела од акутна пневмонија и сепса, и поради тоа лекарите морале да и ги ампутираат дланките и двете нозе до колена.Оваа храбра жена не се предала по операцијата, туку продолжила да живее со полна пареа, пренесува “BBC”.

Заедно со 10 членови на здружението “Finding Your Feet Amputee”, кое Корин го основала по операцијата, таа на 5. октомври го освоила Килиманџаро.

Два дена подоцна, групата совладала ги совладала сите 4.900 метри од планината во Танзанија.

“Од првиот ден имав пликови на нозете, но секое утро повторно ги ставала своите протези. Останав без здив, дури и кога не се качував. Имав загрижувачко кашлање во последните неколку дена, но само ставав една стапка пред друга и знаев дека ништо нема да ме спречи до врвот”, истакнала Корин.

“Се надевам дека поттикнувам други луѓе да излезат и да се качат на своите планини, какви и да се”, нагласила Британката и додала дека по операцијата во која останала без раце и нозе не сакала никој да ја смета за инвалид, а со својот подвиг тоа и го постигнала.

На Корин минатата година, по инфекција и било отстрането речиси цело едно белодробно крило.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top