Постапувајќи по кривичната пријава од Министерството за внатрешни работи, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Штип донесе Наредба за спроведување истрага против едно лице осомничено за кривично дело – Примање поткуп по член 357 ст. 1 од Кривичниот законик, а судија на претходна постапка му одреди притор во трање од 30 дена.
Како што информира ЈОРМ, лицето вработено како чувар во КПД Затвор – Штип примило парични средства во износ од 150 евра за да внесе мобилен телефон во затворот и да го предаде на еден од затворениците.
Надлежниот јавен обвинител, ценејќи дека се исполнети законските услови, до Судијата на претходна постапка при Основниот суд – Штип достави предлог за определување на мерка – притвор, кој предлог беше прифатен од страна на судијата и со Решение на осомничениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст